Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи по празникот 2 Август, Илинден. Тој со  неговото семејство деновите од одморот ќе ги помине во Охрид и во Грција.

Објавил: Валерија Петрова | 22 јули, 2019 15:25

Некои скромно, но некои и раскошно – еве каде ќе одмараат македонските политичари

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Политичарите крајот на јуни и почетокот на август го резервираат да ги наполнат батериите за престојните обврски и одлуки кои треба да ги донесат. Голеем дел од политичарите ќе бидат на летување во Грција, а некои па и ќе заминат на Скандинавија. Слободен печат открива  каде ќе се  одмараат македонските политичари.

Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи по празникот 2 Август, Илинден. Тој со  неговото семејство деновите од одморот ќе ги помине во Охрид и во Грција.

Премиерот и министрите одат на ОДМОР, Грција и Албанија хит дестинации

 

 Радмила Шекеринска оваа година ќе биде на годишен одмор од 25 јули до 5 август, и ќе замине на активен одмор во Скандинавија.

Оливер Спасовски нема одлучено дали ќе оди и каде би одел, додека  Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција, на почетокот на август.

Бујар Османи, планира својот годишен одмор да го реализира од 2 до 10 август, а за своја дестинација оваа година ја одбра Албанија.

Заменик-претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки сѐ уште го нема соопштено својот план за годишниот одмор. Министерот за надворешни работи Никола Димитров досега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

Рената  Дескоска одреден период од својот летен одмор ќе помине во Охрид, но сега засега без определени датуми заради претстојните разговори за Законот за јавно обвинителство.

Сугарески ќе замине на еднонеделен одмор од 4 до 11 август, но досега без одлука каде.

И министерот за економија Крешник Бектеши дел од одморот ќе искористи во првата од месец август. Со семејството сѐ уште немаат направено избор за својата дестинација.

Првата половина од месец август е планот за одмор и за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, исто така без определена дестинација.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на почеток на август ќе замине на одмор во Италија, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со семејството ќе летува во истиот период со семејството во Турција.

Надвор од земјата, дел од својот годишен одмор ќе искористи министерот за образование и наука Арбeр Адеми, како и министерот за култура Хусни Исмаили, кој ќе помине неколку дена во Албанија и неколку дена во Охрид.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски нема да оди на годишен одмор, а министерот за животна средина и просторно планирање ќе замине во Грција во периодот од 9 до 18 август.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Идната година имаме многу споени викенди, дури 7. Велигден се паѓа на 20-ти април, Нова година е во среда, а Божик во вторник.

ЌЕ УЖИВАМЕ ВО МНОГУ СПОЕНИ ВИКЕНДИ: Неработни денови за 2020 година!

Понеделник е последниот неработен ден оваа година, а со тоа добиваме и споен викенд. Идната...

Неверојатниот потег на Сверина на никого не му е јасен бидејќи таа и Милан безброј пати го разменувала тој пасош - кој и да бил со детето надвор од Хрвастка.

ПРВО ГО РАСПЛАКА, ПА ПОТОА ГО РАЗГНЕВНИ БАЛКАНОТ: Северина направи нова драма

Пејачката Северина Којиќ која со пресудата на хрвасткиот суд останала без стратаелството...

Пејачката вели дека татко и во тој момент и рекол дека дека ќе се одрече од неа, на што таа одговорила:

Таткото на Цеца не сакал да го види Аркан – и рекол ќе се откаже од неа ако се омажи со него!

Познатата српска пејачка Цеца Ражњатовиќ која деновиве е во центарот на вниманието...