По силниот земјотрес што го погоди Мјанмар

Објавил: Калина Мартинска | 31 март, 2025 10:16

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост по извештаите за вибрации и пукнатини три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар и беше почувствуван во околните земји, објавија денеска локалните медиуми.

Станува збор главно за административни и деловни згради, а евакуацијата е извршена неколку часа откако утрово вработените почнале да пристигнуваат на работа, јавува Би-Би-Си. Според гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, земјотресот предизвикал пукнатини во речиси 170 згради низ главниот град на Тајланд.

Откако илјадници луѓе беа евакуирани од неколку згради во Бангкок, тајландскиот премиер Фетонгтарн Шинаватра на социјалните мрежи објави дека пукнатините што ја поттикнале евакуацијата „постоеле и порано“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести