Едноминутен молк пред судската палата

Објавил: Калина Мартинска | 20 март, 2025 10:33

Неколку илјади граѓани во Софија одадоа почит за жрвите во Кочани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.

Пожарот избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести