По обилните врнежи екипите на Македонија пат денеска ги расчистуваа одроните на повеќе патни правци Штип-Неготино, Виница-Берово, на патот за Крива Паланка, а посериозна е состојбата на патот Дебар-Маврово, каде повторно се отвори кратер.

Објавил: Сара Фемина | 11 јуни, 2022 19:38

Неколку часа затворен Плетвар затворен поради одрон и голем порој

Фото/Текст извор: ©telma

По деветчасовен застој поради одрон и поплава, расчистен е патот Росoмaн-Прилеп преку Плетвар. Сообраќајот е нормализаран после 15 часот попладнево, откако целосно беше забранет од утрово во 6 часот, пишува Телма!

На расчистување работеше градежната фирма која го гради новиот пат Градско-Прилеп.  Жителите од Битола, Прилеп и соседните општини кои патуваа преку оваа делница, во текот на денот споделуваа видеа и фотографии, а битолчани се револтирани што Плетвар е опасен за возење и во зима и во лето, патот е лош, а застоите и долгите колони се речиси секојдневие.

ПЛЕТВАР Е МНОГУ ТЕЖОК И ВО ЗИМА И ВО ЛЕТО, КРИВИНИ МНОГУ, ПРОПАДНАТ Е КАЈ РОСОМАН ОД ТЕШКИ ВОЗИЛА, КАКО ДА ВОЗИШ ПО КАНАЛИ. КАКО ОТСЕЧЕНИ СМЕ, НИКОЈ НЕ СТАВИЛ РАКА ДА ГО НАПРАВИ ТОЈ ПАТ, НИ ИЗЈАВИЈА ГРАЃАНИ.

По обилните врнежи екипите на Македонија пат денеска ги расчистуваа одроните на повеќе патни правци Штип-Неготино, Виница-Берово, на патот за Крива Паланка, а посериозна е состојбата на патот  Дебар-Маврово, каде повторно се отвори кратер.

КАЈ ДЕБАР СЕ ОТВОРА ДУПКА ВО КОЛОВОЗОТ ВО НЕКОЛКУ НАВРАТИ. ИАКО Е САНИРАНА ПОВЕЌЕПАТИ, ВО СЛУЧАЈ НА ПОГОЛЕМИ ВРНЕЖИ ДУПКАТА  ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА, НО СЕ РАБОТИ НА НЕЈЗИНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОЛНЕЊЕ СО МАТЕРИЈАЛ ДО ИЗНАОЃАЊЕ СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ, ВЕЛИ АЦЕВСКИ.

Од Ценатрот за управување со кризи велат дека обилните врнежи од дожд, покрај одрони на патиштата, предизвикаа и поплави во куќите во повеќе села и градови и на земјоделското земјиште. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најмногу воден талог во изминатите 24 часа наврна во Прилеп, Крушево, Дебар, Демир Капија, Скопје, а метеоролозите предупредуваат на нови локлани интензивни врнежи и појава на свлечишта и одрони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на МНОГУ МЕСТА ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВНИМАВАЈТЕ: ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ ПРОДОЛЖУВААТ – НО ДОАЃА ГОЛЕМО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови...

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.

МАКЕДОНИЈА ВО ОПАСНА ФАЗА ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА СЕДМИЦА!

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе...

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања.

ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН, МНОГУ ДОЖД И ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има во...