“Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 20:52

НЕКСТ ТАЈМ : „Средбата со претседателот Иванов ќе остане вечно во нашите сеќавања„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

„Некст Тајм” допре до срцето на секој Македонец, па и до претседателот Ѓорге Иванов.

По најголемиот успех со најновата песна “Нешто ќе те питам бабо”, членовите на дуото “Некст Тајм”, допреа до секое Македонско срце, а денес беа на гости кај Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Некст Тајм горди на своите проекти. „Нема Македонец што не ги чувствува и сака изворните песни„. Допреа и до срцето на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

“Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.
Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања.”

Пред неколку денови во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст Тајм“ по пауза од две години го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Нешто ќе те питам бабо“.

Спотот е правен на режија на Огнен Шапковски кој успеа да направи едно од најдобрите видео записи кои до сега ги имаме видено на македоската естрада. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, Улогите се одиграни од Стефан Јакимовски, Ивана Гелева, Каја Шопковска, а покрај нив браќата Мартин и Стефан Филиповски. Женскиот вокал го пее младиот талент Викторија Чочороска.

„Нешто ќе те питам бабо“ е најновата преработка на „Некст тајм“ со 275.000 прегледи за два дена, постигна рекордна слушаност во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.