Спасовски или згреши или имаме друг град кој се вика Тетово во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 11:25

Нели во Тетово нема криминал?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред само 2 седмици министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Оливер Спасовски изјави дека во Тетово нема криминал.

“Стапката на криминалитет за 2017 година во Тетово е нула  а не се забележани никакви кривични дела ниту во Желино – Камењане – Речица – Жеровјане – Порој и другите населени места кои гравитираат кон градот.

Тетово е еден од ретките градови каде што младите практично и не знаат што е тоа џоинт. Никогаш не дошле во допир со дрога а фискални сметки се издаваат и кога одите во тоалет.

Затоа им препорачувам на Скопјани нека се спакуваат еден викенд и нека отидат во Тетово. Ќе видат што е журка и забава без дрога и алкохол. Така и полицијата ќе нема работа. Рации во Тетово – нема” – изјави Спасовски на Денот на превенција од криминалот.

Дали говореше Спасовски за истото Тетово?

Според соопштението на СВР Тетово во село Желино рано изутринава била спроведена полициска акција при која се уапсени 12 странски државјанки. На 19 и 20 јули 2018 година во времето од 23:00 до 02:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово извршена е контрола во Угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово – Скопје – поточно во село Желино – сопственост на З.С. од село Желино.

Во објектот биле затекнати 12 лица – странски државјанки од кои 11 лица од Република Албанија и едно од Косово кои биле приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести