Нашиот став е познат и цврст, нема за што да се репреговара со Македонија, изјави од говорницата на парламентот во Софија, премиерот на техничката бугарска влада, Димитар Главчев.
„Тие (македонската Влада, н.з.) велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас порачувам дека од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара. Постои и европска позиција по ова прашање и тоа е познато. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги почитува преземените обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција дека Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа. Значи, нашиот став е презентиран на највисокот ниво, во Европскиот совет“, кажал Главчев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.