
Македонија
Вести
Собранието во рамки на продолжението на 60 седница со само осум гласови „за“ и 60 „против“ не ја усвои одлуката за формирање анкетна комисија за испитување на референдумот од 30 септември 2018 година.
Претходно пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието доставија предлог одлука за формирање анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување.
Тогаш од ВМРО – ДПМНЕ изјавија:
Покрај периодот на кампањата, анкетната комисија ќе има за задача да ги провери индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности, односно фалсификување на резултатите преку полнење кутии.
Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање, односно негласање мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност. – потенцираа од ВМРО – ДПМНЕ.
Анектната комисија требаше да има задача да утврди дали за време на кампањата постоело поткупување на гласачите и правење притисоци од одредени избрани и именувани јавни функционери.
Како претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија имаме одговорност и обврска да утврдиме како и за што беа потрошени финансиските средства во кампањата за референдумот, со оглед дека беше финансирана од буџетот на Република Македонија.
Анектната комисија треба да ја разгледа и утврди политичката одговорност за резултатите од референдумот, нарушениот углед на институциите и потрошените средства од буџетот. – истакнуваа од ВМРО – ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.