Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди

Објавил: Македонка Димкин | 19 март, 2019 0:31

Нема веќе ЦЕЦА на државен трошок, Охрид не дава повеќе општински пари!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Советниците од Општина Охрид на последната седница речиси едногласно одлучија веќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти на балкански естрадни ѕвезди. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори”.

„Кога направивме анализа, видовме дека најголема корист од вакви концерти имаат продукциските куќи од земјава, кои ги организираат. Градот нема никаков ќар. Градот секоја година во периодот од 14 јули до 15 август е полн со гости, а ваквите концерти не носат нови туристи. Заклучивме дека ниту од државјаните од соседните земји нема некој голем интерес за вакви манифестации”, соопштија од локалната самоуправа.

Неофицијалните податоци покажуваат дека само лани неколку продукциски куќи собрале околу 5,5 милиони денари од одржувањето на концертите.

Во шпицот на туристичката сезона, изминативе години во Охрид настапуваа Северина, Марија Шерифовиќ, Цеца Ражњатовиќ, Лепа Брена и други естрадни ѕвезди од регионов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Покрај пеењето и придружните вокали додека снима , Кравиц често свири на сите гитари, басови , бубњеви, клавијатури, ударни инструменти .

Американската рок-легенда ЛЕНИ КРАВИЦ во СКОПЈЕ- ја посети старата чаршија и се фотографираше со фановите!

Лени Кравиц, Американската рок легенда моментално се наоѓа во Скопје, по повод неговиот...

Со нумерата  „Километри“,  Влатко Лозаноски-Лозано го почна завчеравечер својот прв голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

После долго време концерт за паметење од македонски пејач!

Ова скромно момче, кое веќе петнаесетина години е присутно на македонската естрада,...

ВИП Арената Борис Трајкоски е преполна до последното место. Влатко Лозаноски излезе на сцената и го започна својот прв солистички концерт во кариерата.

Влатко Лозаноски на вечерашниот концерт до последно место ја наполни салата Борис Трајковски

Во тек е првиот голем солистички концерт на Влатко Лозаноски во ВИП Арената „Борис...