По пријавил возило,Мини купер чии сопственици се неговите деца, со вредност од 870 илјади денари (14,5 илјади евра). Како подарок на неговата сопруга Зорица добил стан од 46 квадратни метри со 7 квадрати подрум во Струмица вреден 900 илјади денари (15 илјади евра).

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 19:17

Нема вила на Халкидики: Ова е имотот кој премиерот го пријавил во анкетниот лист!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на веб сајтот на ДКСК беше објавен имотниот лист на премиерот Зоран Заев кој претспел неколку промени за три години. 

По пријавил возило,Мини купер чии сопственици се неговите деца, со вредност од 870 илјади денари (14,5 илјади евра). Како подарок на неговата сопруга Зорица добил стан од 46 квадратни метри со 7 квадрати подрум во Струмица вреден 900 илјади денари (15 илјади евра).

Во имотниот лист на Заев, е пријавен заем од 330 илјади евра кој го земала неговата сопруга а треба да го врати до 2021-ва година.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат одговор од премиерот Зоран Заев дали поседува луксузна вила на Халкидики. Повикувајќи се на објави во странски медиуми, тие тврдат дека блиски луѓе на Заев се сопственици на луксузна вила на Халкидики во Грција.

Како „парични средства по основ на ликвидирање на фирма“ впишани се 6 милиони денари односно 100 илјади евра како имот на родителите. Имот на родители, деловен простор во Струмица вреден 3.690.000 денари, а со површина од 60 м2. Земјоделско земјиште од 4 хектари во Муртино, сопственост на на негови родители со вредност од 2,4 милиони денари, објавува Прес 24.

Како имот на родители пријавена е и куќа во Струмица вредна 18,45 милиони денари (над 300 илјади евра). Куќата има 400 квадрати и е изградена во 2000-та година. Заев пријавил и стан на негови родители  во Струмица вреден околу 30 илјади евра, а купен во 2007-ма година.

На име на премиерот Заев во актуелниот е посочен само заем кој го дал во  2012-та година. Должникот му должи на премиерот 4,3 милиони денари односно околу 70 илјади евра.

Во анкетниот лист нема друг имот на негово име, ниту пак е заведен имот на други членови на семејството освен најблиските, нема сопственост во фирми, ниту имот во странство. Имотниот лист е доставен на 30-ти септември во ДКСК, а објавен денеска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...