Бараат укинување на давачките за увоз на свежо месо, но од Влада не добиле позитивен одговор на ова барање.

Објавил: Мате Парлоф | 12 јануари, 2023 5:49

Нема да има дополнителни намалувања на цените на храната месецов

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Нови поефтинувања на месните производи до крајот на месецот не треба да се очекуваа, порачуваат дел од производителите. 

Откако добија субвенционира струја, од компанијата „Пекабеско“ велат дека цените на нивните месни преработки во просек поевтиниле за 8%, но струјата не е единствениот проблем со кој се соочуваат. Нафтата, суровините, зголемените плати за работниците дополнително „притискаат“ за цените на крајниот производ да растат.

Бараат укинување на давачките за увоз на свежо месо, но од Влада не добиле позитивен одговор на ова барање.

„Разговаравме, со Владата велат во овој момент не сме во можност. Не можеме и пари за струја да даваме и пари за ова и пари за она. Еден е џебот. Сега за сега ќе почекаме. / Месото скоро 40, 50% поскапе. Репроматеријалите, комуна, ако не спакуваме во картон ние не можеме да продаваме, а немаме друг добавувач. Така да тоа е нашиот оптимус, сега, ако се пружи простор ќе намалиме дополнително.“ -Слободан Кутревски, сопственик на „Пекабеско“

Во посета на компанијата беа премиерот Ковачевски и министрите Николовски и Бектеши. Министерот за економија вели дека се разгледуваат сите опции како основните производи да поевтинат. Оценува дека веќе има стабилизирање на цените.

„Ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цени пред една, две години, туку на цени од септември октомври до од 7 до 13%. Веќе има одредени намалување, правиме мерки за производителите да можат да ги намалат цените.“ истакна Крешник Бектеши, министер за економија

Откако фирмите добија субвенционирана струја, на терен одредени намалување на цените има, но минимални. Дека има благ пад на инфлацијата во последните два месеци од годината, пресмета и статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Економија

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Нето платата во октомври 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува...

Потенцира дека не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се во групата на производи кои треба да поевтинат

Намалувањето на цените на храната ќе биде од 7 до 12 отсто, вели Бектеши

Граѓаните да не очекуваат намалување на цените да биде 40 или 50 отсто туку од 7 до 12 посто...

Дури и во услови на енергетска и економска криза, одлучни сме да се посветиме на развојот на образованиеото наместо на обезбедување само оптимално функционирање на националниот образовен систем. Продолжуваме со промените кои се неопходни да се случуваат заради интегр

Буџетот на МОН за следната година ќе изнесува 450 милиони евра

Буџетот на Министерството за образование и наука  (МОН) за 2023 година ќе изнесува...

Додека Банката на федерални резерви предвидува дека инфлацијата во САД ќе падне поблиску до целта од 2% до 2024 година, патот напред би можел да биде многу потесен од сега до тогаш.

КОИ ДРЖАВИ СЕ ШАМПИОНИ ВО ИНФЛАЦИЈА: МАКЕДОНИЈА ВОДИ МЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ СОСЕДИ

Инфлацијата расте скоро насекаде во 2022 година. Геополитичките тензии предизвикуваат...