Македонија
Економија
Нови цени на горивата од полноќ. Еве колку ќе изнесуваат малопродажните цени.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.04.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 33,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг и ќе изнесува 20,106 ден/кг.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Економија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.