Здравство

Објавил: Калина Мартинска | 9 јануари, 2025 15:48

Нема лекарска грешка – Таравари за седуммесечното бебе кое почина на детската клиника

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Извештајот на стручната комисија која требаше да утврди дали имало лекарска грешка при лекувањето на седум месечниот Дамјан кој почина на Детската клиника, не покажал пропуст на лекарскиот персонал.

Министерот Таавари денеска рече дека уште во понеделникот го видел извештајот и е среќен што вината за смртта на бебето, стручната комисија не ја лоцирала кај лекарите. Смета дека можеби причина за смртта е ненавремена посета на лекар.

Таткото на бебето, Влатко Трпески денеска во изјава за Канал 5 не ја криеше разочараноста од изјавата на Таравари. Вели, нема никаква среќа во тоа што нивното чедо е починато, најавува судска постапка веднаш откако ќе ги добие резултатите од обдукцијата. Трпески децидно тврди дека детето било навремено однесено на детска клиника, но од таму било вратено дома.

Бебето било донесено на Клиниката на 9 декември со симптоми на температура и осип, а по прегледот било упатено на Инфективна клиника и на дерматовенерологија. Направена му била крвна слика а по добивањето на резултатите било испратено дома. По два дена детето повторно било однесено на Педијатрија поради влошена клиничка слика и било хоспитализирано на Одделот за неврологија, но состојбата му се влошила и починало на 15 декември.

Во извештајот што го направи Државниот здравствен и санитарен инспекторат, беше констатирано дека на Детска клиника наместо задолжително да присуствува специјалист во дежурната амбуланта, дежураат само специјализанти, поради што Клиниката беше парично казнета, со порамнување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.