По првиот случај на Омикрон во Македонија здравствените власти немаат намера да ги заоструваат мерките кои се на сила веќе подолг временски период. Секвенционирањето на новиот сој е направено во приватната болница Жан Митрев.
Станува збор за маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Тој во јануари годинава ја имал прележано болеста, но тогаш бил асимптоматски. Пациентот бил вакциниран со две дози од вакцината Фајзер, а во средата по вторпат имал позитивен тест на Ковид 19.
Видовме во минатото дека дополнителни рестрикции, вклучувајќи ги и оние за влез во земјава практично не дадоа никаков ефект, затоа што не може да се запре вирусот на било која варијанта, било каде кога тој е присутен секаде низ светот, вели министерот во оставка Венко Филипче.
“СМЕТАМ ДЕКА ПОТРЕБАТА ДА СЕ ПРИКАЖЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ НА ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА, ИСТО ТАКА И ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ, СИТЕ МЕРКИ КОИ СЕГА СЕ НА СИЛА ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ИМА ГОЛЕМИ СОБИРИ НА РЕСТРИКЦИЈА ВО ОДНОС НА КАПАЦИТЕТОТ Е НЕШТО ШТО ИМА ЛОГИКА И НЕШТО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВА НЕ САМО НА ОВАА ВАРИЈАНТА, ТУКУ И НА БИЛО КОЈА КОЈА Е ВО МОМЕНТОВ ПРИСУТНА. ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ОВАА ВАРИЈАНТА НА ВИРУСОТ ДАВА ПОЛЕСНА КЛИНИЧКА СЛИКА, НО ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ЈА СЛЕДИМЕ СОСТОЈБАТА” – ИЗЈАВИ ФИЛИПЧЕ.
Низ скопските кафулиња и ресторани раздвижено, Граѓаните со поделени ставови дали треба заострување на мерките во пресрет на празниците.
СМЕТАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ЗАОСТРАТ МЕРКИТЕ БИДЕЈЌИ СО НОВИОТ БРАН НА ОМИКРОН ШТО ДОАЃА ВО ЕВРОПА МОЖЕ ДА ДОЈДЕ И КАЈ НАС И ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ НЕШТО БИДЕЈЌИ АКО СЕ ОСТАВИ ТАКА БЕЗ РЕСТРИКЦИИ ЌЕ ИМА НОВИ БРАНОВИ ПО НОВА ГОДИНА, ВЕЛИ ЕДНА ГРАЃАНКА.
ПА МИСЛАМ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОСТРОГИ МЕРКИТЕ, ЗАРАДИ ДРУЖБАТА И СЛАВЕЊЕ НА НОВА ГОДИНА И МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕ СЛАВИ, СПРОТИВНО ТВРДИ ДРУГА ГРАЃАНКА.
Бројот на новодијагностицирани случаи е во опаѓање и болниците се прилично празни.
Филипче со апел да се вакцинираат граѓаните за да се постигне сериозен процент на вакцинација и форма на колективен имунитет. Сепак дали треба да се заострат мерките во пресрет на новогодишните и божиќнитех празници?
“СМЕТАМ ДЕКА НЕ. ЕДНОСТАВНО СОБИРИ МАСОВНИ НАСЕКАДЕ ИМА, СИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ. ЕВЕ ПРАЗНИЦИТЕ СЕ СЕГА ПРЕД НАС. ВЕРУВАМ ДЕКА АКО СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СИТУАЦИЈА ЌЕ ОСТАНЕ И ПОНАТАМУ СТАБИЛНА. ВО НАШИТЕ БОЛНИЦИ БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ, ВО ОГРОМЕН БРОЈ Е БРОЈКА НА ПАЦИЕНТИ КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ И ТУКА ВЕЌЕ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ТОА ОД КОЈА ВАРИЈАНТА НА ВИРУСОТ СЕ ЗАБОЛЕНИ.НЕДОСТАСУВААТ НЕКАДЕ 350 ДО 400.000 ГРАЃАНИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ СЕРИОЗЕН ОПФАТ НА ВАКЦИНАЦИЈA, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ.
Според последните податоци до сега се вакцинирани 50 до 55% од населението, до колку се исклучат најмладите категории на деца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.