Снимките во продолжение пристигнаа до ТВ21, од страна на револтирани родители кои сакаат да покажат со какви учебници учат нивните деца.
Иако поминаа два месеци од почетокот на учебната година, учениците од основните и средни училишта и натаму се соочуваат со овој проблем. Уништени, искинати книги, а голем дел воошто и немаат учебници.
Ова е проблем и за образовните работници. Наставникот од училиштето „Петар Здравковски Пенко“ Фадиљ Сулејмани вели голем број на учебниците се стари, искинати и уништени.
„Во просек во секој клас фалат по 10 до 12 учебници. Исто така треба да се нагласи дека учебниците по географија се издадени пред 5 години и тие учебници го немаат потребниот материјал и недостигаат многу страници. На, пример во учебникот по географија за седмо одделение. Исто така, со менувањето на наставниот план, предвидено е печатење на учебник по географија за 7, 8 и 9 одделение. До сега се уште не се отпечатени ниту на албански ниту на македонски јазик“, вели Сулејмани.
И учениците велат дека се соочуваат со проблемот од недостиг од учебници.
„Многу се искинати, како на пример оваа. Во нашето школо има многу ученици и од нашиот клас многу од учениците мораат да фотокопираат книги бидејќи МОН не ни ги обезбедува“.
„Имаме голем недостиг од учебници и јас учам од интернет, ги преземам лекциите од таму. Бидејќи во нашето училиште нема доволно книги, и тие што ги има се отпечатени пред 5 или 6 години. Меѓутоа и учениците се невнимателни со учебниците“.
Министерот за образование, Арбр Адеми признава нема учебници, но ветува дека за кратко време ќе се реши овој проблем.
„Последните пет или шест години имавме јавна дистрибуција, затоа има стари учебници. Вистина е и точно е. Но, работиме истите да се набават.“, рече Адеми.
Покрај ова, учениците и наставниците во постоечките учебници се соочуваат со правописни, историографски и фактографски грешки. Од МОН велат дека се во завршна фаза и дека учениците ќе добијат учебници во моментот кога ќе се избере економски оператор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.