Република Македонија ќе ги почести кандидатите за претседатели за претстојните претседателски избори дури 10 милиони евра!

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 март, 2019 22:37

НЕМА ПАРИ за болници, училишта, социјала но за изборна капмања “ИМА„ !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тројцата кандидати за претседател во изборната кампања можат да потрошат максимум 10 милиони евра. Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река за своја промоција во кампањата може да потрошат максимум по 3,2 милиони евра или по 110 денари за секој запишан избирач кои ги има пак 1,8 милиони во земјава.

Република Македонија ќе ги почести кандидатите за претседатели за претстојните претседателски избори дури 10 милиони евра!

Со парите од џебот на граѓаните ќе бидат платени сите трошоци за рекламирање во медиумите, а за митинзи, билборди или изборен материјал парите ќе ги обезбедуваат кандидатите или партиите кои ги поддржале.

Народниот правобранител ќе отвори бесплатна телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право.
„Секој има право да се изјасни за својата опција, без притоа да трпи последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани, да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат. – се вели во соопштението на Народниот правобранител.
Народниот правобранител апелираше до функционерите да не се осмелат да вршат заплашување и притисок врз вработените. 

Виктор Стојанов од АВМВ рече дека четирите минути на власта ќе ги поделат кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски и градоначалничките кандидати на СДСМ И ДУИ.

Кај опозицијата кандидатот за претседател Гордана Силјановска ќе го подели времето од 4 минути помеѓу Блерим Река вториот кандидат за претседател од опозицијата и градоначалничките кандидати од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и БЕСА. 

„Изборниот законик предвидува дека во финансирањето на предизборната кампања, учесникот во кампањата може да потроши најмногу по 110 денари по запишан избирач. Тоа е лимитот за секој организатор во изборна кампања за сите активности“ – рече Љупка Гугучевска ДИК.

За рекламирањето на телевизиите се предвидени вкупно 9 минути на еден час програма. По четири за власта и четири за опозицијата и една минута за политички партии кои немаат пратеничка група во Собранието.

Од наредниот понеделник  стартува изборната кампања а медиумите ќе бидат под засилен мониторинг на Агенцијата за медиуми. Во претседателската кампањата е строго забрането учество на малолетни лица.

За непочитување на правилата, од МВР јавуваат санкционирање на лицата кој ќе се обидат да ја нарушат или оспорат претседателската кампања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести