Исто така, на одредени локации од крајбрежјето, во текот на наредниот период ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2021 10:32

Нема повеќе илегална наплата на паркинг, лежалки и влез на плажите на Охридското Езеро

Фото/Текст извор: ©Слободен печат/магазин.мк

Општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг.

Ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотребите и узурпациите на најатрактивната зона од заштитениот појас. Речиси целосно се расчистени плажите на потегот од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро, појасни градоначалникот Константин Георгиески.

Со цел да се обезбеди навремена подготовка на плажите во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, на потегот каде што е извршено чистење на габаритниот градежен шут, по налог на Општина Охрид веќе се ангажирани екипите на јавните претпријатија, кои вршат чистење на ситните остатоци од бетон и градежни материјали, а се врши уредување на постоечкото зеленило.

Исто така, на одредени локации од крајбрежјето, во текот на наредниот период ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок.

Георгиески најави дека во текот на наредниот период активностите за отстранување ќе бидат засилени со помош на механизацијата која со одлука на Владата ќе и биде отстапена на Општина Охрид од страна на ЈП „Македонија Пат”. Откако ќе финализираат активностите за уредување на плажите во потегот на „Лагадин”, населбата „Свети Стефан” и „Горица 3″ ќе се пристапи кон отстранување на нелегалните објекти и платфомите во делот на месноста „Елешец”.

Исто така во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта” кон „Горица 1″ и плажите во делот на населбата „Канео”, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.

Оваа можност сакам да ја искористам и повторно да потенцирам дека нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети согласно законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките, рече тој.

Георгиески не е изненаден од негодувањето на поранешните концесионери на плажите по однос со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Дел од нив иако имале договори за плажи работеле како ресторани и ноќни клубови и нелегално ги издавале под закуп. Истото тоа продолжиле да го прават и кога договорите за концесија веќе им биле истечени и не плаќале никакви надоместоци за наем и користење на земјиштето.

Градоначалникот на Охрид посочи дека финансиските анализи што ги спровела Општината и информациите што ги добила од останатите надлежни институции покажуваат фрапантни цифри на остварен приход во период кога поранешните концесионери немале активни договори за концесија, пишува Слободен печат!

Фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво.

Оваа пракса за градење на бизниси на штета на општината, државата и светското природно и културно наследство мора да биде минато. Како што имам кажано и претходно, треба на сите да ни стане јасно дека ваков тип на урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони повеќе нема да има, рече Георгиески повторувајќи ја посветеноста лично како градоначалник и на Општината за регулирање на состојбата, со забелешка дека освен препораките на УНЕСКО, зад таквите заложби на Локалната самоуправа стојат законот, правото и прописите што задолжително мора да се почитуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...