
Свет
Европа
„Она што во моментов го гледаме во Европа е вториот бран на корона вирусот“, истакна денес австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Во Валцеберг, Курц разговараше со премиерот на соседната германска покраина Баварија, Маркус Седер, за моменталната состојба поради пандемијата на корона вирусoт.
Тие наведоа дека бројот на новоинфицирани лица во Баварија и Австрија расте, но дека во многу други земји, како што е Шпанија, ситуацијата е далеку подраматична.
Курц и Седер посочија дека затворањето на границите само ќе ја влоши веќе тешката економска состојба.
Затоа, потенцираа тие, треба да се спречи по секоја цена.
Тие проценија дека ќе биде потребно многу време да се врати во старата нормалност.
„Треба сериозно да го сфатиме вирусот“, предупреди Курц.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.