Во соопштението на опозициската ВМРО стои дека владата на актуелниот премиер Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 10:56

Нема поголеми плати, нема датум за ЕУ, нема ништо од ветувањата на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети. За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо, велат од ВМРО.

Во соопштението на опозициската ВМРО стои дека владата на актуелниот премиер Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат.

Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните  за над 317 милиони евра.Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија.Освен сиромаштија и колапс на економијата не доби Македонија ништо од СДСМ. Ова е една од низа причини зошто СДСМ мора веднаш да си замине од власта.

Од ВМРО велат дека власта не стои на зборот и не направи ништо што вети за овие две години

Од ВМРО обвинуваат  дека Владата цели две години колку што е на власт, не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ.

Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи.Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.

Од ВМРО велат дека реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното, а тоа го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје.

Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите.Власта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека  судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите.Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине, велат од ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...