СИТЕ ПАТНИЦИ СЕ МРТВИ! НАЈНОВА ВЕСТ ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ

Објавил: Македонка Димкин | 22 јуни, 2023 22:09

Нема преживеани во Титан

Фото/Текст извор: ©Магазин

Компанијата „Оушнгејт“ објави дека петтемина патници од исчезнатата подморница „Титан“ се мртви, со што е ставен трагичен крај на обемната потрага која траеше од неделата.

„Нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наржеоле се починати. Овие луѓе беа вистински истражувачи кои делеа авантуристички дух и длабока страст кон истражувањето и заштитата на океаните“, соопшти „Оушнгејт“

Адмиралот на американската крајбрежна стража Пол Мауџер потврди дека роботското пловило од канадскиот брод „Хорајзон Арктик“ ја пронашло конусната опашка на „Титан“ на околу 500 метри од остатоците на „Титаник“.

„Пронајдени се и други остатоци кои укажуваат дека имало катастрофален губиток на притисокот во комората. Роботското пловило кое оперира на океанското дно близу ‘Титаник‘ останува на местото на несреќата“, кажа Мауџер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...