„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Објавил: Перо Милчин | 10 мај, 2022 17:50

Нема продолжување на учебната година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

На денешната седница исто така Владата донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Одлуката е донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, дека постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.