Македонија нема решение за интелектуалните умови. Дипломите не вредат. Работа има за хигеничаи, продавачи, келнери

Објавил: Сања Кукиќ | 15 март, 2019 8:13

Нема работа за 30 доктори на науки и 805 магистри

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Македонија нема решение за интелектуалните умови. Дипломите не вредат. Работа има за хигеничаи, продавачи, келнери. Се зголемува бројот на магистри и доктори на науки кои чекаат вработување.

Последните податоци на Агенцијата за вработување( декември 2018) говорат дека 805 магистри и 30 доктори на науки се уште се надеваат на работно место . Со факултетска диплома , работа чекаат и 10 603 дипломци. Од 30 докторанти, 14 се жени а 16 мажи, кај магистрите,  пак поголем е бројот на невработените жени и кај  лицата со факултетска диплома исто така предничат жените. Најголем број од невработените лица живеат во главниот град, па следат Тетово, Куманово, Гостивар и Битола.

Невработените висококвалификувани лица се одлучиле својата дисертација или магистерска теза да ја одбранат во делот на општествените и хуманистички науки, профили за кои во моментов пазарот на труд нема побарување. Од другастрана пак, доколку им биде понудена работа , најголем дел од нив ја одбивале, или пак барале македонска работа со европска плата, велат од агенцијата.

Во моментов,  она што пазарот го бара како работен профил се занимања без факултетски дипломи.  Агенцијата за вработување нуди околу 8000 работни позиции. Најбарани струки се хигиеничар, продавач, општ работник, шивач, келнер, возач на такси, обезбедувач, шанкер, касиер, пекар…

Најголем дел од слободните места се во Скопје или 4632, а најмалку слободни работни места или или воопшто слободни работни места нема во Крушево, 0 .

Во 2017 Агенцијата за вработување изготвила и анализа со која  предочува,  во иднина кои лица ќе имаат приоритет при вработувањето. Со завршен факлутет проблем при вработување ќе немаат програмерите, машинските  градежни инжињери, докторите по општа медицина, информатичарите. За оние кои ќе се одлучат своето образование да го заокружат со средното училиште,и притоа сакаат веднаш да се вработат,  Агенцијата препорачува да се определат за шивач,продавач, возач на камион, келнер. Во анализата на АВРМ работодавачите се изјасниле дека сакаат кадар кој зад себе има работно искуство, знаења и вештини,  а не само диплома .

Од другастрана пак за социолозите, ова е аларм дека нешто треба да се менува во образовниот систем. Денес, во Македонија, се полесно се стигнува до магистерска диплома, се бранат докторски дисертации кои остануваат под превезот на сомнителноста, како се изработени и колку научен труд лежи во нив. Факултетската диплома ја губи важноста и тежината, а научните трудови честопати се изработуваат без методолошки пристап.

Од Министерството за образование пак велат дека изборот го прави секој по сопствено убедување, но притоа младите треба да ја имаат предвид состојбата на пазарот на трудот. Години наназад се води политика на избор на средо стручно образование

Владата и Министерството за образование и наука континуирано работат на подигнување на свеста за важноста, но и интересот кај младите да го избираат средното стручно образование и техничките науки, односно студиски програми на техничките факултети, затоа што овој тип на образование нуди поголема веројатност за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализацијата на процесот.

Затоа и делуваме во насока да обезбедиме еден континуиран процес на реформирање на постојните, но и воведување на нови образовни профили во средното стручно и високото образование, работиме на промена на наставните програми во тригодишното и четиригодишното средно стручно образование, на  воведување на реална практична настава и отворање на училишни компании, повеќе стипендии за поддршка на студентите кои ќе студираат на техничките струки , велат од МОН.

Во моментов пак,  Агенцијата за вработување бележи  184 683 невработени лица ок кои  94 721 се регистрирани како невработени а  89 962 како други лица кои бараат работа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Работните групи на власта и опозицијата од денеска почнуваат преговори за системските закони

ВМРО бара гаранции дека ќе предлага државен Јавен обвинител, па после ќе преговара за судбината на СЈО ?

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште не ги започнале средбите за надминување...

СЈО беше основано како резултат на политички договор на 4 партии, а сега само Заев лично има интерес за статусот на Катица Јанева

На лидерската средба кавгата за СЈО ќе биде изговор за недобивањето на датум за ЕУ!

Владата е свесна дека ЕУ нема да донесе одлука за Македонија да ги започне преговорите...

Според неофицијалните податоци, повеќе од 500 илјади македонски државјани и лица со потекло од земјата живеат во странство.

Дали знае Република Македонија да ја искористи својата дијаспора?

Начинот на кој Ирска ја организираше својата дијаспора и ѝ пронајде место на домашниот...