
Свет
Вести
Во Грција политичките превирања нема да ја доведат во прашање ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина, затоа што грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за одбрана во заминување Панос Каменос, се согласиле на меѓусебен договор со кој нема да ја загрозат спогодбата со Македонија, како ниту грчката влада, објавува Катимерини.
Владата на Сириза се очекува да остане и понатаму на власт во Грција, со нов обновен мандат, и покрај критиките на кој е постигнато новото мнозинство.
Сириза има 145 пратеници, но како што известуваат грчките медиуми , обезбедила уште шест гласа за потребното мнозинство од 151 глас во парламентот со 300 места. Министерот за одбрана Каменос и неговата заменичка Марија Колиа-Царуча ќе поднесат неотповикливи оставки на владините функции.
Владата на тој начин ќе го помине изгласувањето на доверба кое ќе се случи задутре или в четврток, а спогодбата помеѓу премиерот и коалицискиот партнер во заминување, ќе значи и безмалку сигурно усвојување на Преспанскиот договор.
Алексис Ципрас е одлучен да го исполни договорот од Преспа, за да им докаже на САД и на ЕУ дека е многу доверлив партнер.
Каменос ќе остане и понатаму лидер на неговата парламентарна група, со што ќе обезбеди големо влијание што му е потребно, за да се бори за политичкиот опстанок на неговата партија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.