-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Објавил: Валерија Петрова | 9 октомври, 2019 17:45

Нема ризик од терористички акт во Македонија

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Северна Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот.

Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба.

-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека “секоја од државите треба да преземе низа мерки кои што ќе значат не само конкретна активност во делот на терористички акт, затоа што немаме таква состојба“

-Но имајќи предвид дека се наоѓаме на една исклучително важна стратешка позиција, стојат пред нас и предизвици, а еден од нив е тероризмот, изјави попладнево министерот Спасовски на прес конференцијата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, со кого го потпишаа акцискиот план.

Конкретно, акцискиот план потпишан денеска помеѓу Европската Комисија од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга, предвидува серија мерки со цел спречување на насилниот екстремизам и тероризмот. Освен зацврстувањето на домашните институционални капацитети, од двете земји се очекува, меѓу другото, да преземаат проактивни мерки на толерантност за да се спречи насилната радикализација, посебно кај младите, и ризикот тие да заминат на воени жаришта на Блискиот Исток, на пример.

Паралелно со образовните и социјалните мерки, од Северна Македонија Брисел очекува да го подобри нејзиниот капацитет во делот на размената на информации, поефикасно да се бори против перењето пари и да спречи финансирање на тероризмот.

Албанија и Северна Македонија добија посебни приоритетни области во кои се очекува од нив засилен напор.

За Северна Македонија станува збор за зацврстувањето на против-терористичките структури и стратегии, вклучително и подобра проценка на заканите. Потоа, удвојување на напорите за спречување на насилниот екстремизам “преку мултиагенциски пристап на локално ниво како и справување со предизвиците од враќањето на странските борци и нивните семејства“. Трет приоритет за земјата е да етаблира национална проценка на заканата од перење пари и подобрување на врската помеѓу финансиското разузнавање и Обвинителството.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос порача дека Европската комисија е тука да ја поддржи земјата во спроведувањето на мерките и упати “итен повик“ до властите во Северна Македонија “да нѐ информираат каде е потребна дополнителна поддршка“, изјави тој попладнево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...

Претседателот Пендаровски очекува ваква поддршка од сите членки на Унијата, но и и конкретна временска рамка за старт на преговрите.

Меркел: Старт на преговорите за Македонија и за Албанија, а потоа секој по својот пат

Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите со Унијата, а потоа да продолжат...

Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Утринава во вооружениот грабеж во Тутунска банка одземени 8.700 евра – зошто ова банка е мета на крадците?

Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје. Во...