Засега нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, но неофицијално, таква информација веќе е стигната и до македонското МНР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 ноември, 2020 17:47

Неофицијално, една од жртвите во Виена е од струшко Велешта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Eдна од жртвите во синоќешниот терористички напад во Виена е со потекло од село Велешта, Струга. Според информаците што ги објави порталот на Албански јазик News33 се работи за 20 годишниот Неџип Вренези.

Засега нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, но неофицијално, таква информација веќе е стигната и до македонското МНР.

Потврда за информацијата стигнуваат од иселеници од Велешта во Виена, кои живеат во главниот град на Австрија подолго од една генерација.

Според текстот на News33, 20 годишниот Вренези починал откако бил застрелан од еден терористите пред кафе-бар, во момент кога излегол надвор за да испуши цигара.

Како што веќе потврдија власти, во Виена синоќа загина уште еден македонски државјанин. Но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...