На лично име има пријавено возила „Пасат“ и „Фиат Панда“, но и благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.

Објавил: Сара Фемина | 15 ноември, 2019 0:56

НЕПОЗНАТА ЗА ЈАВНОСТА: Ова е судијката која ќе им пресуди на Јанева и Боки 13- OВА Е НЕЈЗИНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

За повеќе од две недели поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, неформалниот сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец треба да се седнат на обвинителна клупа, пишува Фокус.мк.

Кривичниот суд соопшти дека судскиот процес за случајот „Рекет“ којшто предизвика политички потрес, почнува на 3 декември и согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.

Судијката Николовска – Масевска е малку позната во јавноста и не води ниту еден од предметите кои ги отвори поранешната Специјална јавна обвинителка. Единствено е член на судечкиот совет во случајот „Тарифа“.

Кривичниот суд соопшти дека судскиот процес за случајот „Рекет“ којшто предизвика политички потрес, почнува на 3 декември и согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска.

На веб страницата на судот нема официјални информации кога е избрана за судијка. Николовска – Масевска судела во кривично полнолетниот оддел, а предмети од организиран криминал почна да суди кога стапи на сила новиот распоред на претседателот на Кривичен, Иван Џолев од 1 јануари 2018 година. На интернет нема многу достапни информации за судијката и нејзина фотографија има од обуките коишто им ги држела на студентите за кривично право.

Според информациите од Фокус, таа не е во никаква роднинска врска со претседателот на судот иако во јавноста се шират вакви шпекулации.
Таа била член на кривичниот совет кој му ја одби првата жалба на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој како осомничен во „Империја“ бараше да излезе од притвор, а била член на кривичниот совет и кога им биле одбиени жалбите и на останатите обвинети во „Империја“, меѓу кои и на бизнисменот Орце Камчев.

Според нејзиниот анкетен лист кој го пријавила во Државната комисија за спречување на корупцијата, на свое име има стан во Скопје од 89 метри квадратни, проценет на 9 милиони денари, стекнат како подарок.
На лично име има пријавено возила „Пасат“ и „Фиат Панда“, но и благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.
На име на сопругот пак пријавила акции и удел, а на име на децата удел.

Сега кога веќе Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Рекет“, тројцата обвинети не можат да направат спогодба.

На рочиштето единствено може да признаат вина, по што ќе биде донесена пресуда без изведување на докази и сослушување на сведоци. Јанева ќе ја бранат адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, а Боки 13 ќе го застапува адвокатот Сашо Дуковски.

Од адвокатискиот тим на Јанева, засега нивната стратегија не води кон признание на вина, но оставаат простор за промени до 3 декември. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...