Но, да одиме по ред. Директорот Граматковски изврши злоупотреба на функцијата и го вработи својот иден зет за ќерка што е класичен пример за непотизам, а исто така го вработи и синот на Јован Дојчиновски актуелен Технички директор во Стрежево.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2021 21:08

Непотизам и фамилијарно вработување во ЈП Стрежево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Функционерите на СДСМ упорно си тераат партиска агенда и со Државните претпријатија се однесуваат како со личен имот вработувајки исклучиво по партиски клуч.

Во случајот на ЈП „Стрежево“ „инвентивниот“ Директор Менде Граматковски оди „степен повисоко“ односно злоупотребата со вработувањата ја унапреди на повисоко ниво реализирајќи ФАМИЛИЈАРНИ вработувања и НЕПОТИЗАМ па покрај „вдомување“ на околу 30-тина партиски активисти на СДСМ почна да вработува и деца на актуелни вработени во претпријатието.

Но, да одиме по ред. Директорот Граматковски изврши злоупотреба на функцијата и го вработи својот иден зет за ќерка што е класичен пример за непотизам, а исто така го вработи и синот на Јован Дојчиновски актуелен Технички директор во Стрежево.

Во Стрежево работни места добија и синот на Јован Адамовски, раководител на одделението за електроенергетика и Мартин Белокозовски кој од член на Управниот одбор сега доби работно место од Граматковски што исто така говори за огромниот конфликт на интереси и при ова вработување.

Јавно го прашуваме Директорот Граматковски дали во ЈП Стрежево покрај гореспоменатите вработи и двајца блиски роднини на високи функционери во СВР Битола и дали за нивното вработување побарал некаква противуслуга?

Од директорот Граматковски бараме лично и јавно да ги објави имињата на овие вработени и да ги каже критериумите по кои тие се примени, дали освен нив имало и други пријавени на конкурсите за вработување кои немале квалификации како избраните, а воедно ги повикуваме надлежните институции и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски наместо да брои чаши испиена вода на министрите да му предложи на Владата разрешување на Директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...