Додека првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски го изнесуваат на носилка, откако денеска пред да даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, му се слоши.
Веднаш интервенираше Брза помоши Боки е пренесен во болница. Но она што го скрена вниманието беше човек во униформа, кој „културно“ го испраќа покажувајќи кон своите препони.
Како што пишува „Телма“ во видеото, се работи за полициски службеник од судската полиција, но официјално засега нема потврда за кого се работи.
Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.
Тој со полициска придружба беше донсен во Обвинителството од КПУ Затвор-Скопје, каде што издржува мерка притвор.
Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски-Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Во аферата „Рекет“, покрај Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени се и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, кој е во домашен притвор и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, којашто се наоѓа во притвор во Шутка.
Постапката започнала во мај оваа година, осомничени се две лица за примање награда за противзаконско влијание и перење пари, објави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.