Бебето во превез“ на свет дојде со помош на асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, гинеколог која заедно со својата колешка правеле породување со царски рез кај трудница која носела близнаци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 10:32

Несекојдневно породување на скопска Гинекологија: Се роди бебе во „воден превез“

Фото/Текст извор: ©Педијатар.мк

Завчера, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, т.н. “en caul“ породување или раѓање на бебе во амнионска обвивка, кој се случува еднаш во 80.000 породувања, објави Педијатар.мк.

Бебето во превез“ на свет дојде со помош на асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, гинеколог која заедно со својата колешка правеле породување со царски рез кај трудница која носела близнаци.

Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка асс. д-р Катерина Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, започна породувањето на второто бебе со „воден превез“. Целата екипа во операционата сала во еден момент беше благопријатно изненадена од овој природен феномен, и покрај големиот број на породувања кои ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи“, вели за Педијатар.мк асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...