На местото на настанот веднаш пристигна полицијата но засега се уште не се знае дали го откриле сторителот.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јули, 2019 22:51

НЕСРЕЌА НА ПЕТРОВДЕН: Автомобил удри во мотоциклист во населбата Аеродром и избегал

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Несреќа во скопската населба Аеродром, за среќа повредени нема. Кај кулите на Џеваир на ул.1615 во населбата Аеродром се случи сообраќајна несреќа, откако автомобил од засега непозната марка дирекно удрил во мотоциклист пошто истиот избегал од местото на несреќата.

На местото на настанот веднаш пристигна полицијата но засега се уште не се знае дали го откриле сторителот.

Очевидци од соседните згради за Курир велат дека автомобилот дирекно удрил во мотоциклистот и избегал, полицијата веднаш пристигнала и го барала причинителот на несреќата низ уличките во населбата, но не се знае дали го пронашле.

Имено, како што за Курир раскажува вознемирената жена, очевидец на немилиот настан, за среќа во сообраќајката нема жртви.

Екипи на МВР се на терен, го испитуваат случајот и се очекува негово расветлување.

Ова не е прв случај возач кој предизивикал сообраќајна несреќа да избега од местото на несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Триесет и осум годишен маж од Арачиново пријавил дека го пронашол телото на неговиот татко со иницијали Н.Р во бунар во близина на својата куќа.

СТРАШНА ГЛЕТКА ЗА СИН ОД СКОПЈЕ: Пронајден мртов маж во бунар

Голема трагедија за семејство од скопското село Арачиново. Неговиот син сведок на...

Како што информираат од полицијата, во соба во хотел во Струга, вчера, била пронајдена мртва 27-годишна девојка државјанин на Краслтвото Холандија која била во Охрид како турист со група од неколку луѓе.

Трагедија во хотелска соба во Струга – млада девојка пронајдена мртва

Трагедија во хотелска соба во Струга, вработените од хотелот затекнале страшна глетка,...