Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината!

Објавил: Стојче Бушин | 31 мај, 2020 10:39

Нестабилно време се очекува пороен дожд: Услови за ретка појава на град!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопје и околината попладнево ќе има услови за повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа, утре и во вторник, особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

На средината од новата недела која што ни претстои пак ќе имаме нешто постабилно и потопло време, што значи дека времето полека ќе се затоплува, а температурите ќе се враќаат во границите на нормалата за овој дел од годината.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Нестабилно со почеста појава на врнежи и грмежи – можно НЕВРЕМЕ

За време на овој викенд, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна...

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Времето денеска: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална...

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер

Денес времето во државава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност....

Мал пад на температурите на воздухот се очекува за време на викендот, тогаш на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локално НЕВРЕМЕ.

Пеколни температури- за викендот пад на температурите!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...