
Свет
Балкан
Уште од самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, познатиот Српски пулмолог Бранимир Несторовиќ даваше корисни совети за граѓаните во врска со заштитата од коронавирусот.
Имено тој пред неколку дена во своето гостување на ТВ Прва истакна дека луѓето не треба да паничат и непотребно да се тестираат затоа што создаваат ризик да се заразат.
„Има сè повеќе заразени луѓе и тоа ги збунува луѓето – а заразеното лице не е исто што и болно.Луѓето над 70 години се сè уште под најголем ризик кога станува збор за см ртност. Бројот на оние кои се позитивни и немаат пневмонија е многу поголем отколку што покажува статистиката – додаде тој и рече дека индексот на преносливост е ослабен.Вирусот како вирус не ослабее, тој е истиот вирус, но неговиот индекс на преносливост е ослабен. Тој индекс е под единицата насекаде низ Европа – објасни пулмологот Бранимир Несторовиќ.

Доктор Несторовиќ вели дека иако се уште не се повлекол вирусот, и бројот на заразени е голем, сепак сега е лето, период од годината кога луѓето се повеќе надвор, и поретко доаѓаат во контакт. Тој потсетува дека витаминот Д и одењето влијаат на јакнење на имунитетот.
-Епидемијата нема да може да заврши сè додека луѓето не го стекнат тој колективен имунитет, а новите истражувања покажуваат дека овој колективен имунитет е близу – додаде д-р Несторовиќ.
Доктор Несторовиќ вели дека некогаш ниту позитивниот тест на коронавирус не е валиден, однсоно не мора да значи дека некој е специјално заразен со вирусот „КОВИД 19“.
-Тестот не е целосно специфичен за овој вирус, тестот за ПЦР покажува дека сте болни со вирус кој припаѓа на корона вирусите, но може да имате една од другите инфекции без да бидете позитивни. Можно е короната да се преклопи со некој друг вирус – рече д-р Несторовиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.