
Свет
Балкан
Истакнатиот српски пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ, вели ддка нешто чудно се случува со вирусот корона, алудирајќи на тоа што сега многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај.
Д-р Несторовиќ вели ддка можеби не се работи за истиот вирус, односно дека станува збор за нов вид вирус на корона кој предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да не е истиот вирус.
– Некако помина незабележано дека овој вирус ги напаѓа мозокот, бубрезите, тестисите … Ова е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите. Ќе видиме како ќе реагираат на ова младите луѓе кои се заразиле со вирусот … Никогаш не сум видел ваков вирус – изјави Несторовиќ.
Несторовиќ вели дека Србија доста добро помина кога станува збор за вирусот и финансиски, немаше немири, смета Несторовиќ.
– На крајот на краиштата, ова беше страшен стрес. Имам впечаток дека луѓето се незадоволни што 270 луѓе починале – смета Несторовиќ.
Словените и Германците одлично поминаа, ние сме прилично отпорни на овој вирус. Генетиката исто така игра голема улога. Доказ дека сме најстара нација во Европа е PH негативност. Бевме отпорни и на СИДА. Оние нации кои страдале многу од туберкулоза, се чини дека се отпорни на СИДА. Вирусите сами по себе не се опасни за нас, тие се опасни за поедини луѓе.
– Навистина мислам дека сме на крај, но кога ме прашаа кога ќе ја одјавиме епидемијата, реков веројатно никогаш. Секогаш ќе има по некој индивидуален случај. Луѓето живеат нормално. Можеби и не е лошо што се случи ова, и младите луѓе се разболеа, па претпоставувам дека ќе започнат да ги почитуваат некои мерки, а не да лудуваат – рече на крајот Несторовиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.