Пропадна обидот на опозициската СДСМ да направи театар во Законодавниот дом околу англискиот јазик на директорот на АНБ Бојан Христовски.
Првата седница на Комисијата за надзор над работата на безбедносните служби на која новиот директор на АНБ требаше да се соочи со прашањата и дилемите што се отворија во јавноста околу неговото назначување, не се одржа.
ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека опозицијата ги прекршува Деловникот, Уставот и законите. Тие побараа како прва да се стави точката “Посета на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
„Прва точка да биде посета и надзор на Агенцијата за разузнавање на 3 декември и втора точка, посета и надзор на Агенцијата за разузнавање на 16 декември”, рече Ковачки.
Острата и на моменти тензична расправа ја прекина скандалозната изјава на претседателот на Комисијата, кој сам си одлучи дека нема да ја стави таа точка, оти немал безбедносен сертификат и не можел да оди во посета на овие институции.
„Јас сум најмногу заинтересиран овие прашања поврзани со безбедноста што побрзо да бидат третирани на оваа седница, но во моментов ниту јас, ниту мојот заменик немаме безбедносен сертификат и јас овие точки нема да ги ставам на дневен ред”, рече Реџепи.
Од СДСМ обвинуваат дека власта побарала промена на дневниот ред, со цел да се избегне дебата за поставувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ.
„Она што го видовме денес е чист доказ дека власта избегнува соочување со јавноста,“ изјави Петровска, посочувајќи дека злоупотребата на мнозинството спречила дискусија за прашања од интерес за домашната и меѓународната јавност.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата продолжува со грубото кршење на Уставот, законите, процедурите, а во овој случај и Деловникот за работа на Собранието.
Она што фрапира е неможноста за една основа потреба за изјаснување согласно деловничките одредби за дополнување на точки на дневен ред. Ниту на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на предлог на СДСМ. Претседателот на Комисијата кој доаѓа од редовите на опозицијата, воопшто не дозволи изјаснување за самиот предлог за точките на дневен ред и навистина не ми е јасно зошто колешката Славјанка Петровска има несогласување и нешто не и’ е јасно.
По жестоката расправа помеѓу власта и опозицијата, Реџепи ја прекина седницата на која воопшто не стана збор нитуза работата на безбедносните служби, ниту за нивните раководства и на кој начин тие се поставени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.