Несфатливо е што оваа власт се заигра со таков опскурен лик кој болната желба за популарност ја градеше по риалити шоуа во регионот,

Објавил: Перо Милчин | 17 јули, 2019 0:28

Конечно се испостави зошто била шарената револуција: Нивните протести биле само брутална манипулација од еден полусвет

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Директорот и уредник на Телма, Атанас Кироски, кој беше дел од Шарената револуција, вели дека огромната поддршка што ја уживаше СЈО беше крик на граѓанството за правда во оваа бесконечна транзиција, и шанса корумпираните политички елити, да одговараат пред законот како и обичните граѓани.

Кироски вели дека несфталиво е што оваа власт се заигра со таков опскурен лик (Боки 13) кој болната желба за популарност ја градеше по риалити шоуа во регионот, и наместо да се дистанцира од таа карикатурална појава, непринципиелно, често пати и во спротивност со законите го форсираше неговиот медиум.

Тој исто така тврди дека луѓето кои седумдесетина дена протестирале за поддршка на СЈО се брутално изманипулирани од еден „обичен гангстерски полусвет.

Апсењето на Боки 13 ја возбуди македонската јавност. Приказната што сега ни се одвива пред очи, не е судир на два криминални света, како што некои се обидуваат да релативизираат, туку, пред очи ни се одвива приказната за измамени граѓани кои со месеци талкаа по скопските улици барајќи правда. Огромната поддршка што ја уживаше СЈО беше крик на граѓанството за правда во оваа бесконечна транзиција, и шанса корумпираните политички елити, да одговараат пред законот како и обичните граѓани.

Сега се испоставува дека тие луѓе, нивната идеја, поддршка, секојдневни протести биле брутална манипулација од еден обичен гангстерски полусвет, кој позициите ги искористи не за да испорача правда – туку да ја злоупотребат позицијата за да ги рекетираат осомничените, во функција на лично богатење. Оттука поразот, шокот, резигнацијата…..За граѓаните судирот со криминалот беше завршен и чекаа реализација на правдата и конечно функционирање на правната држава.

Оние кои за тоа беа поставени, им плукнаа во лице на граѓаните, и покажаа дека не се ништо подобри од оние кои беа осомничени. Напротив ! Несфатливо е што оваа власт се заигра со таков опскурен лик кој болната желба за популарност ја градеше по риалити шоуа во регионот, и наместо да се дистанцира од таа карикатурална појава, непринципиелно, често пати и во спротивност со законите го форсираше неговиот медиум. Има тука да се пишуваат стотици фермани за еден фрапантен аматеризам, ама тоа откако малку ќе ни помине болката во стомакот…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Тој понатаму продолжува дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции.

Мицкоски до Заев: Да го заштитиме македонскиот јазик, виткањето кичма ништо добро не донесе на Македонија

Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат,...

По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име.

Азилантот Груевски не издржа повторно со статус на фејсбук, овој пат удри по Десковска!

Никола Груевски поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република...

На тој карван мислам.Тој карван, замина!, вака го започнува својот Фејсбук статус актерот Владо Јовановски кој беше во притвор повеќе од два месеци поради настаните на 27ми април.

Јовановски: „Додека ние лаеме, кој кого и за колку сакал да го е*е, отиде карванот!“

Додека ние лаеме, кој кого и за колку сакал да го е**, отиде карванот…! Да се разбереме,...

Не остана рамнодушен ниту лидерот на ВМОР- ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на својот Фејсбук провил напиша дека Македонскиот јазик постои а сите негации на него се дело на власта во Македонија која како што вели лесно тргува со најскапите работи на нашата земја.

Мицкоски: Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

По вчерашата скандалозна одлука на Бугарската академија која спори со МАНУ дека македонскиот...