Израел утре треба да започне со вакцинирање на своите здравствени работници и жители на старечки домови.

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2020 22:54

НЕТАНЈАХУ ПРИМИ ВАКЦИНА ПРЕД КАМЕРА: Првиот Израелец кој се вакцинира им даде личен пример на граѓаните (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше вакциниран денес против вирусот корона во директен телевизиски пренос, со што стана првиот израелски и еден од првите светски лидери што ја примил вакцината ковид-19.

Израел утре треба да започне со вакцинирање на своите здравствени работници и жители на старечки домови.

Нетанјаху рече дека сака да биде првиот примател во земјата да даде „личен пример“ и да ги охрабри Израелците да го сторат истото.

„Верувам во оваа вакцина“, рече тој пред да прими доза од вакцината Фајзер / Бионтек во медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив.

Вакцината против ковид-19 на “Модерна” е втора вакцина по ред на територијата на САД што доби овластување за итна употреба од Управата за храна и лекови.

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги Алекс Азар рече дека одобрувањето „значи дека можеме да се забрза вакцинацијата на здравствените работници од прва линија и на Американците во установи за долготрајна грижа.“

„Модерна“ која работеше со владата на САД ќе се подготви за почеток на дистрибуција на 5,9 милиони вакцини овој викенд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Германија ги заострува мерките, од денеска задолжителна самоизолација по влез во земјата

Германија ја рангираше Хрватска меѓу земјите со висок епидемиолошки ризик, што значи...

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември

Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани...

Почнувајќи од денеска, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзината територија, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија

Од денеска е укината забраната за патување во Бугарија! Почнувајќи од денеска, 10 октомври,...