Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 10:14

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, наводно со прераното дејство со антикокаинската рација загрозил меѓународна полициска акција беше причина да истражиме што всушност се случувало за време на полициската рација завчера попладне во скопски Крушопек.

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Во меѓувреме регионалните медиуми објавија дека станува збор шверцерски канал преку кој требало 1,3 тони кокаин да се префрлат прво во Словенија, па понатаму во европските земји.

Според информациите до кои дојде Нетпрес говорат дека извор на постојаните брифинзи, прво по социјалните медиуми, а потоа и по провладините медиуми била токму Славјанка Петровска, дополнителната заменичка министерка во МВР, од редовите на СДСМ. Нема официјална информација и останува енигма каде била таа за време на акцијата, но она што неофицијално го дознава Нетпрес е дека за време на акцијата била во кругот на МВР со полициски началник близок на СДСМ.

Прво информациите биле брифирани по социјалните медиуми, а веднаш потоа биле преземени од провладините медиуми. Информациите биле полуточни, но она што било алармантно е тоа што чувствителни информации излегувале за време на акцијата, а со тоа биле доведени во прашање животите на полицајците вклучени во акцијата. Со брза и ефикасна акција тоа не се дозволиво, но ризикот бил голем бидејќи движењата на полицајците цело време биле разоткривани со вадењето на информациите. Практично и обвинувањата од страна на Маричиќ се користи како бафер за да се сокрие фактот што Петровска за ситни политички поени се обиде да упропасти акција на нејзиниот претпоставен, министерот Чулев, но и ги довела во прашање животите на полицајците кои учествувале во акцијата.

Дали некој ќе одговара за протекување на чувствителни полициски информации за време на акцијата?, прашува Нетпрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...