Оваа љубов не траеше многу долго, пред се што поради обврските од Новак што мораше да игра по светски турнири.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 21:03

Нејзе Ѓоковиќ ја шутна поради Јелена – ова е љубовта на Новак од младите денови

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

После раскинувањето со Лидија Поповиќ, Новак Џоковиќ започна љубовна романса со Јелена Ристиќ, со која долгогодишната врска ја круниса со љубов.

Новак е во брак со Јелена Ристиќ од 2014 година со кој има 2 деца, син Стефан и ќерка Тара. Иако малку кој знае пред него што ја запознал Јелена, првиот рекет на светот два месеци бил во љубовна романса со Лидија Поповиќ, денес светскиот познати Ди Џеј Лејди Ли.

Оваа љубов не траеше многу долго, пред се што поради обврските од Новак што мораше да игра по светски турнири.

Тие се обидувале да ја одржат својата врска на далечина, на релацијата Нови Сад-Белград, но кога разбрале дека не е се баш како што треба, одлучија да ја прекинат својата љубов.

После љубовната врска со Лидија, Новак ја запознал Јелена Ристиќ во која 2014 година љубовта ја крунисаа со брак.

Новак Ѓоковиќ со својата сопруга Јелена Ѓоковиќ. Тие се венчаа во 2014 година и имаат две деца, син Стефан и ќерка Тара.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна возраст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.

На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно