Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2021 6:04

Не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји.

Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче пред состанокот со претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во врска со мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести.

Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.

И сега гледаме и од примерите во околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека сега е вистински период граѓаните да сфатат колку е ова битно, сите чинители да дадат поддршка во овој процес за да за што пократко време се вакцинираат што поголем број граѓани за да избегнеме силно оптоварување на болниците, додаде Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче!

Две повредени лица од несреќата во Бугарија пристигнаа во болницата во Скопје

Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“...

Министерството за здравство вчера соопшти и за десет починати лица, од кои двајца се на 35 и 38 години. Со нив, вкупниот број починати од КОВИД-19 достигна 7242.

Од почетокот на епидемијата кај нас, КОВИД-дијагностицирани се 206 233, а оздравени се 191 132 пациенти, меѓу кои се и 326 кои беа евидентирани во здравствениот билтен вчера.

Активни 7856 случаи со коронавирус, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните...

Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.589.004 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани...

Починале по 2 лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно лице од Македонска Каменица (82г), Охрид (80г), Прилеп (74г), Пробиштип (64г) и Штип (70г).

МЗ: 11 починати и 135 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие...