Партиско барање

Објавил: Калина Мартинска | 12 декември, 2024 15:00

Не е доволно да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ од Груби

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал. Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот, изјави Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат.

Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со СДС ги крадеа.

Борбата на ДУИ и СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии.

Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина.

Сега откако помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани.

„Чист сум како солза” напиша Груби од црната листа кој се повлекува од политиката

ДУИ и СДС 7 години го имаа запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на ДУИ и СДС, потенцира во изјавата Петрушевски.

Тој додаде дека, и ДУИ и СДС знаеја дека Уставен нема да донесе никаква одлука и затоа што сите 9 судии токму ги избраа тие, но намерно создаваа тензии, за да го вознемируваат народот и да дефокусираат од нивните криминали.

Се што прават ДУИ и СДС е за бегство од одговорност. Политичките криминалци и во двете партии треба да знаат дека не можат да избегнат одговорност, и дека ќе се соочат со последиците на своите дела, изјави Петрушевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.