На видеото се гледа како група Корејци  среде центарот на градот добиваат навреди и пцовки од страна од еден недоличен граѓанин и тоа бидејќи мислеше дека луѓето се од Кина па почна да им вика Корoна, мршшш.. Прво си ја покажа својата некултура, но потоа и својата неукост кон народите.

Објавил: Весна Петровска | 30 јануари, 2020 19:56

Не за џабе се рекло, Скопје тешки опинци те газат

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

При посета на преставници на невладена организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light си се обрукавме како народ.

Вчера видеото со Азијците стана најгледаното видео во земјава, за жал тоа поради лошата содржина во него.

На видеото се гледа како група Корејци  среде центарот на градот добиваат навреди и пцовки од страна од еден недоличен граѓанин и тоа бидејќи мислеше дека луѓето се од Кина па почна да им вика Корoна, мршшш.. Прво си ја покажа својата некултура, но потоа и покажува дека има расни предрасуди.

До кога ваквите луѓе, па и некои поединци од светот на политиката со својата неписменост  и некултурно однесување ќе ја преставуваат лошата слика пред светот за Македонија.

Македонија е убава земја, топла со прекрасни луѓе чија култура е на високи ниво, но за жал во неа има поедицни кои за час ја убавата слика  пред очите на туристите.

Македонија во последниве неколку години знае да се пофали со над 80.000 посетители од регионот но и од пошироко, дури и ББС правеше репортажи зошто да ја посетат токму Македонија.

Сакаме да одиме во ЕУ но прашање е дали со вакво однесување и со ваква некултура сме подготвени на европски и модерни навики, нормално дека не сме… Има уште во оваа земја кои имаат предрасуди за се и се што, па дури и Корејциве  си го добија најдебелиот стап поради предрасудите кои се уште ја гушат земјава.

Сакаме ЕУ но низ улиците шетаме мртви коњи како сосема нормално да е, не знам што ли мислат и какви чувства имаат ваквите луѓе кои го газат Скопје.

 

В.П

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија.

ЕКО ДРОН ПАТРОЛА НА ГРАД СКОПЈЕ И ЕРГОС ВО ПОТРАГА ПО ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно...

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

ОВА СЕ ИЗБРАНИТЕ ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК (ФОТО)

Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија...

Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму каде што е потребно ќе ги обноват патеките, ќе го уредат зеленилото и ќе го заменат осветлувањето. Во акцијата ќе се вклучи и УНДП преку имплементација на проект за поставување урбана опрема - корпи за џебен отпад.

ОД ЛЕПЕНЕЦ ДО АЕРОДРОМ – ПОЧНА ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СЕВЕРНАТА СТРАНА ОД КЕЈОТ НА ВАРДАР

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна...