Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе која додава  дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 12:07

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“: Атиџе разочарана, и биле скршени 20 нови, а две стари трмки со пчели украдени!

Фото/Текст извор: ©ммс.мк

Во интервју за mms.mk Атиџе Муратова, хероината на Медена Земја, која успеа да стигне и до срвениот килим на Оскарите, вели дека се повеќе се плаши од лоши луѓе кои само гледаат да наштетат. Имено таа ова го вели во контекст на тоа што и биле скршени 20 нови трмки, кои требало да се населат со пчели а две трмки постари полни со пчели и биле украдени.

Атиџе Муратова хероината од документарецот Медена Земја, со својата добрина успеа да го освои светот…

Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе која додава  дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

-Кај да бидам, тука сум со пчелите. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени а две трмки постари полни со пчели ми украле.  А годинава не знам како ќе биде,  малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам.  Јас никому не сум му наштетила, ниту сакам. Јас не сум таков човек и затоа тоа не можам да го разберам кај другите луѓе, вели разочарано Атиџе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...