Македонија
Вести
Идниот премиер, Христијан Мицкоски, ќе го почитува правниот поредок на Република Македонија и нејзиниот Устав.
Но, исто така, ќе пружа несебична поддршка на националниот идентитет и гордоста на македонскиот народ. Ова е заклучокот од вчерашното интервју за Сител, во кое Мицкоски рече дека заклетвата ќе ја даде во согласност со уставното име на Република Македонија. За него е особено важно носителите на извршната власт да им служат како пример на граѓаните во почитувањето на Уставот и законите.
Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија“, потврдувајќи го својот став за заштита на националниот идентитет.
„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние самите да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.
Мицкоски дополнително објасни дека е исклучително важно граѓаните да не се доведуваат во заблуда за уставното име на државата.
Се знае кое е уставното име, тоа е со придавката, рече Мицкоски.
На новата влада најмалку што и треба е да влезе во конфликт со меѓународната заедница, со ситуација кога власта во заминување остава еден отворен спор со Бугарија и еден полуотворен со Грција. Фокусот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат реформите.
Државата, како и да ја нарекуваме е девастирана речиси во сите области и нема да го имаат комфорот од сто дена. Со работа треба да се почне веднаш, а не да си создаваме проблем за проблем кој друг го создаде.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Политика
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.