ФОТО-погледнете како Столе му врати на Гунарсон

Објавил: Сања Кукиќ | 12 април, 2019 21:14

Не можеш да им го сопреш пикерот, 140 кила има!

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Столе Стоилов се ,,нашали” на своја сметка. За 140-те килограми кои беа главната пречка за да Исланд обезбеди победа, пикерот објави фотографија на својот Инстаграм профил.

Македонската ракометна репрезентација обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против крупниот СТОЛЕ. 

Ова е прва победа на Македонија на ова гостување, но и замислете прв пораз на домашен терен на Исланд по дури 13 години.

Еден од нивните најдобрите поединци, Арнор Гунарсон објасни која била клучната причина за поразот.

„Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови. Не реши нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва“.

Внимавајте што направи тој наш незадржлив пикер од 140 кила. Ја сподели изјавата на Гунарсон на Инстаграм и направи само мала измена кај сопствената слика-

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Вардаровото срце не издржа – јунаците славеа и пуштија солзи на разделбата со Скопје!

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го покажа македонскиот непокор. Со срце...

Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра во Келн, Германија.

ВАРДАР ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА- Сегед срушен од македонските шампиони !

Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и зедоа учество на Ф4-турнирот во Келн. Вечерва...

Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското...