Како прваче што брза кон школскиот двор, Зоран Заев и неговото епски неспособно окружување, ја заборавија пандемијата со Covid 19, заборавија на 104 изгубени животи и заборавија на погубната статистика која укажува дека во просек десет проценти од направените тестови во земјава, на дневна основа, отпаѓаат на новозаболени од смртоносниот вирус!

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 11:43

Не му е гајле кој ќе умре, муртинскиот падишах си бара соучесници!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Полека но сигурно доаѓаме до крајот на олигофрената приказна наречена обезличување на Македонија, која како своевидно крешендо на незапаметената неспособност на СДС, треба да заврши со предвремени парламентарни избори. Македонија денес, падната на колена, уценета и обезличена, обесправена, ограбена и осквернавена го чека денот на изборите по кои дефинитивно ќе се знае нејзината иднина, пишува Рашела Мизрахи во својата нова колумна.

Во меѓувреме, нашиот забетониран идентитет, доживува тешки дебакли на меѓународна сцена, на која за хрватскиот дневен печат сме „експериментална држава некогаш позната како Македонија”, за  официјалната политика на нашиот источен сосед (оној истиот со кој се потпиша договор за пријателство и соработка) говориме „развален” бугарски јазик напишан на шумадиска машина за пишување, додека српскиот министер за одбрана порачува да си молчиме на непризнаениот јазик.

Како прваче што брза кон школскиот двор, Зоран Заев и неговото епски неспособно окружување, ја заборавија пандемијата со Covid 19, заборавија на 104 изгубени животи и заборавија на погубната статистика која укажува дека во просек десет проценти од направените тестови во земјава, на дневна основа, отпаѓаат на новозаболени од смртоносниот вирус!

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.
Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

– Избори мора да има, во најкраток можен рок! – се пенави муртинскиот падишах, па дури и си осмисли како со државни пари, да изведе наивен предизборен поткуп на граѓаните наречен „Трет сет економски мерки”. Откако тој и разбојниците околу него, ја опустошија Македонија до непрепознатливост и ја задолжија за наредните 100 години, сега со великодушно лицемерие и пари што ги нема, ветуваат спас „сет мерки за масовна потрошувачка” која (види чудо) ќе ја оправи македонската економија?! Никаде на светот не се случило оној што урнисал, да оправи било што, а најмалку тоа е Зоран Заев, кој покажа и докажа како се урива сопствената држава. Во третиот сет „мерки”  што треба да ги изгласа техничката влада, ниту самиот Заев не гледа помош за македонската економија!

Нему му требаат соучесници во злосторството, му требаат луѓе кои заедно со него за ситни пари ќе ја споделат одговорноста за предавствата, арамилаците, алчноста и грабежите, за кога ќе дојде времето за понесување на одговорност, да има кон кого да покаже со прст и да обвини дека и тие земале! Платежни картички од по сто евра, зелени нафти, ваучери за летување…повеќе изгледаат како подароци раздадени за „душа” на Македонија  која од петни жили се трудеше да ја исчезне, отколку било каква помош! Ете тоа се прокламираните мерки на Заев!

Нема да помине !

Избори ќе се случат во септември, кога ќе има здраавствени предуслови за тоа, кога ќе биде задоволен условот за масовна излезност на граѓаните, без страв да излезат на гласање и кога муртинскиот падишах ќе мора да се соочи со првите резултати од своите погубни економски политики!ВМРО-ДПМНЕ е спремно да ја преземе власта по изборите во септември, да ја стабилизира економијата по уништувачкито дивеење на Заев и да им обезбеди на граѓаните мирен и достоинствен живот!

Лагите и арамилакот од СДС се прочитани и крајот веќе им се гледа. Дури и кога ќе ги слушнете како врескаат дека ВМРО се плаши од соочување на избори, сетете се само дека од СДС повеќе никој не се плаши…

Сите подеднакво ги жалиме.

КОЛУМНА НА РАШЕЛА МИЗРАХИ ЗА КУРИР….

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното...

Како тоа да не беше доволно, слушнавме дека црногорски бизнисмен од Русија на Зоран Заев и генескот на владата Рашковски им исплатил 300.000 евра и “им дал 2.000 квадрати“, секако не без интерес, друже Зоки како премиер да му ги врати барем петодупло. Им платил со пари од Русија.

ЛАТАС: Зоран Заев од обвинителите и судиите создаде партали за бришење патос по патот на својата корупција и кариера

За корупцијата на власта веќе не зборува само опозицијата туку и оние кои се во самата...

Владата и СДСМ на Боки 13 му давале потпис, писмени препораки за рекет и јавно му помагале да изгради слика за моќен човек близок до власта. Човек на кој не смее да му се одбие рекет. Така и било, без тие препораки и поддршка Боки не би можел да го рекетира ни Сејдо, автомеханичарот мој, а камоли олигарсиве.

ЛАТАС: Телефонот на Боки Тредичи се крие како најголема државна тајна!

Прво збор-два за коронава. Филипче прима плата само за да ни каже колку има нови заболени...

Можеби некому е страв од зараза ако излезе да гласа, ама само 5% заболуваат од вирусов. Ако остане оваа власт, 95% ќе бидат болни од страв, депресија, сиромаштија и дезориентација. И се друго што следи.

ЛАТАС: Спиеш ли мирно Суперфилипче- Носиш ли на душа починати заради твојата неспособност

Бујар Османи ни потврди дека ДУИ, а не граѓаните, ја избрале оваа власт во државава....