Мицкоски изрази жалење што со маката на луѓето, луѓето во власта си поигруваат за лично да профитираат, при што потенцираше дека тој уште на почетокот алармираше дека се прави манипулација со бројките за Ковид-19 за што од Владата беше обвинуван дека шири лажни вести, за сега да се покажи дека се тој што зборувал е вистина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 февруари, 2021 19:03

Не обвинуваа дека шириме лажни вести, за сега американскиот институт да потврди дека Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Индустриската зона Чијлија во Општина Петровец им порача на луѓето во власта да си поднесат оставка и да ја ослободат Македонија од нивната неспособност, со што ја брукаат државата и македонските граѓани на меѓународна сцена.

Ова Мицкоски го порача запрашан од медиумите за коментар за последната анализа на Американскиот совет за здравје и наука, во која Македонија ја смести во државите кои даваат сомнителни статистики во однос на новозаболените, оздравените и починатите лица од Ковид-19.

Мицкоски изрази жалење што со маката на луѓето, луѓето во власта си поигруваат за лично да профитираат, при што потенцираше дека тој уште на почетокот алармираше дека се прави манипулација со бројките за Ковид-19 за што од Владата беше обвинуван дека шири лажни вести, за сега да се покажи дека се тој што зборувал е вистина.

Нели ние бевме тие кои што не ја говореа вистината, нели мене ме обвинуваа се сеќавате, оние политичари налик на Зоран Заев донесени од Али Експрес, мене ме обвинуваа дека јас сум бил тој кој што шири лажни вести. Ама некако, се што кажав така и излезе. Така и оваа работа излезе. Жалам што на маката на луѓето некој си поигрува за да лично профитира. Наместо денеска да држат брифинзи со новинари и наместо да функционираат таму каде што се, треба веднаш да седнат и да си ги напишат оставките и да ја спасат Македонија од нивната неспособност. Тоа е мојата порака што сакам да им ја кажам. Од ден на ден се покажува колку само овие луѓе не знаат и колку само ја брукаат сопствената држава, но и сопствениот народ“, порача Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

АПАСИЕВ НАЈАВИ ПРИЈАВИ ЗА БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ АКО ДОЈДАТ ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ НА СЕДНИЦА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека...

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Николоски на конференција со ЕУ пратеници – Бугарија веднаш да го тргне ветото и да престане со условувањата

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на...

Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања.

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175...