Новинарот Борјан Јовановски беше гласен противник на "режимот" на Груевски и Мијалков а заврши како поддржувач на политиките на СДСМ, Зоран Заев а особено Шекеринска

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 6:19

Не промена, туку серија оставки во владата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Новинарите блиски до политиките на СДСМ и премиерот Заев, веќе не очекуваат владина реконструкција или промена на министри туку оставки кои треба да следат по некој логичен ред.

Имено мовинарот Борјан Јовановски, кој важи за близок до актуелната власт, смета дека владини оставки се логични по објавениот статус на поранешниот премиер Никола Груевски.

Серија на оставки во Владата е единствената логична последица од статусот на НГ ако и за нив не станува предоцна. – напиша Јовановски на Твитер.

Поранешниот премиер од вчера стана политички азилант во Унгарија од политичкиот прогон на актуелната власт на СДСМ, премиерот Заев и партизираното судство во Македонија што наиде на огромно негодување во партиските структури но и општествено политичката јавност кои сметаат дека Груевски и во бегство ја тресе владата на Заев.

Претходно премиерот Заев најави промена на дел од министрите во неговиот владин кабинет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести