Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје.

Објавил: Стојче Бушин | 23 октомври, 2020 6:19

Не се групирајте за викендот, влегуваме во ризична фаза апелира Филипче!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема, апелира министерот Филипче!

Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје.

На владината седница пред два дена беа прифатени препораките за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали е македонското здравство преде свршен чин? Како мисли минсигтерот Филипче да се бори против епидемијата, во вакви катасторфални услови.

Страв и трепет во Битолската Болница, двајца на приемно на инфузија заедно со два лешеви

Магазин дојде до ексклузивни фотографии, каде се гледа голготата на Македонското Здравство. Имено...

Изразувањето сочувство е едно од правилата за добро однесување, кое произлегува од домашно воспитување и општествената норма што треба да се почитува, особено ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Стоилковиќ: Срамно однесување на Заев и Пендаровски по смртта на српскиот патријарх Иринеј!

Претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник Иван Стоиљковиќ остро...

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?

Левица утре поднесува 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè...