На оваа вест не останаа рамнодушни нејзините фанови, а и многумина беа изненадени бидејќи пејачката на неколку наврати, во интервјуа потенцираше дека  токму сопругот и е голема поддршка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 11:42

„Не успеав да го спасам бракот“: Елена Велевска си ја отвори душата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште пред две години, летото во август 2018 година во јавноста како бомба одекна веста дека познатата фолк пејачка, сексипилната Елена Велевска која е мајка на три дечиња, се разведува од нејзиниот сопруг Марјан.

На оваа вест не останаа рамнодушни нејзините фанови, а и многумина беа изненадени бидејќи пејачката на неколку наврати, во интервјуа потенцираше дека  токму сопругот и е голема поддршка.

Пред извесно време, пејачката реши да си ја отвори душата, и пред јавноста изјави дека причината за разводот била семејно насилство. Три месеци подоцна Велевска изјави дека решила да даде уште една шанса на љубовта и дека со сопругот Марјан одлучиле да се смират и да го спасат бракот.

Пејачката Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг, бизнисменот Марјан со кого има три деца…

Во емисијата Бекстејџ,  Велевска откри дека таа и Марјан не успеале да најдат заедничко решение за брачните проблеми и недоразбирања, и дека овој пат двојката дефинитивно се разведува.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, таа истакна дека разводот е во тек.

Инаку Елена и бизнисменот Марјан Мирчески имаат три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Велевска во едно интервју откри како се запознала со нејзиниот сопруг. Таа била на турнеја во Австралија во 2002 година и како што откри во една прилика тоа било љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Малку е познато на јавноста дека еден од српските најистакнати епидемиолози има некои други посебни таленти, имено д-р Кон не е само успешен епидемиолог, туку и одличен пејач.

Вака пее и свири познатиот српски епидемиолог КОН: Освен медицината ова е неговиот друг талент (видео)

Српскиот епидемиолог Предраг Кон секојдневно ја информира јавноста за состојбата...

Според директивите на Министерството за здравство, сите лиценцирани здравствени установи мораат да ги третираат сомнителните или потврдените случаи како итни случаи.

Има 30 милијарди и другар е со ПУТИН: Се за владетелот во чија земја заразените имаат бесплатно лечење!

Во сите случаи на нов коронавирус во Обединетите Арапски Емирати, пациентите мора...