Македонија
Вести
Деенска започна новата учебна година во државата, а ќе ја започнат почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади првачиња. Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Денеска и министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со својот сопруг однесоа својот син третооделенец на училиште. Таа на својот официјален Фејсбук профил објави фотографии со кои му посакува успех на својот син, а воедно и апелира до останатите да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, за да може непречно да се одвива учебната година.
„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение.
Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.